Најпрво го зафаќаме квасецот и го оставаме да надојди.
Во меѓувреме во подлабок сад ги ставаме брашното, солат, шеќерот и двете јајца.
Надојдениот квасец го ставаме во садот со брашно и потоа ги додаваме маслото и млакото млеко постепено. Кога ќе го додавате млекото постојано мешајте со жица за матење се додека не добиете средно меко тесто (повеќе кон меко).
Потоа месете со рака и оставете го да надојди околу 40 минути.
Кога ќе го размесувате вториот пат немојте многу да го месите. Поделете го на два дела и нежно притиснете и со помош на сукало од секој дел исукјате кора.
Секоја кора премачкајте ја со растопениот маргарин и здиплете ја.
Вака здиплените кори ставете ги 15 минути во замрзнувач.
Кога ќе ги извадите од замрзнувачот расукајте ја пак кората на едниот крај ставете од сирењето и свиткајте во ролат.
Вака направете со двете кори. Потоа корите преплетете ги една околу друга и оставете ги пак да стасаат.
Пред печере премачкајте ги со јакјето и сусамот и ставете неколку парчиња маргарин врз плетенката.
Печете на 190 степени околу 40-45 минути.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови