Подготовка
Без мери на овошјето, значи колку што имате или сакате да направите сок. Кај мене е повеќе вишни, помалку малини
- Во сад ставете ги измиените вишни и залијте со вода колку да биде еден прст над вишните. Во друг сад ставете ги малините исто така облиени со вода.
- Ставете ги засебно на оган нека провријат. Кога ќе се со изменета боја, што велиме ние, побелеле, тргнете ги.
- Вишните само истурете во пресата и дозволете да се исцеди сокот кој го пуштиле тие при варењето. Не гмечете ги, едноставно само нека се исцеди.
- Малините ставете ги исто така во пресата да се исцедат, но бидејки тие се поситни и со нив може да испадне повеќе густина. Потребно е да го процедите добиениот сок низ пресата, сега прецедете низ газа.
Измешајте ги двата вида на сок, премерете, ставете 1/3 шеќер од вкупната количина на сок, ставете на оган да се провари, а во меѓувреме бидејки се запенува, тргајте ја пената. Кога престанува да се пени,  соберете во стерелизирани флаши, затворете, наредете ги во кутија или нешто друго во кое ќе ставите некоја крпа, покријте ги исто така и оставете да се ладат бавно, а притоа и добро ќе се затворат.
Прекрасен вкус е на овој сок за кој не можам да речам и дека е сируп класичен, бидејки е потребно да се стави во чашата повеќе сок одошто вода.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани