Продолжувам со моите прекрасни смути, кои без алатката Нутрибулет не ќе можев да ги реализирам и да уживам во прекрасните напитоци кои се создаваат со него. Потребна е малку имагинација за комбинација на состојките и резултатот е тука.

Сите состојки се ставаат во малата чаша од Нутрибулетот и за неколку секунди се добива прекрасното, со виолетова боја смути.

Едноставно е, а едноставноста екстремно ја почитувам, односно секогаш тежнеам и комплицираните работи да ги сведам на едноставност, впрочем така и функционира универзумот, се потекнува од едноставни елементи кои се комбинираат најразлично, па изгледаат сложени.

Инаку, го препорачувам ова смути поради многуте позитивни придобивки кои ги дава аронијата и чиа семето. Овошните смути е најдобро да се користат наутро. Ова смути може да се прави со млеко по избор, а секако најздраво е ако се подготвува со некое растително млеко по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани