Не ми е важно да ви го преставам филот на пицата.
Тоа е прашање на вкус. Овде ќе го опишам прекрасниот начин на подготовка на смесата за пица, која ја научив од пријателка од социјалниве мрежи.
Таа вели дека нема промашување и дека ова тесто за пица го користат во пицерии во Македонија. Го пробав и верувајте дека е одлично.

Во сад се замесува помалку од едена коцка квасец,
Отфрлете само 1/4 од квсецот.
Ако немате свеж тогаш може една паковка сув квасец.
Додајте 200мл јогурт, 2 супени лажици масло и 1 супена лажица сол.
Замесете со млака вода колку да замесите убаво тесто.
Иако немаше мерка за водата, јас ја мерев, па можам да кажам дека е 400 мл.
Оставете да одмори тестото пола час.
Се дели на 6 топки, па се оставаат да отстојат уште 15 минути.
Потоа земаме и ја растегнуваме само со рака.
Пополека и тенко.
На хартија за печење попрскуваме брашно, па ја постиламе растегнатата пица, а потоа филуваме со некоја салца и останати состојки.
Се пече веднаш штом се филува.
Тоа е совршенството од тесто.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови