Тестото за ова лепче се замесува вообичаено. Најпрво се зафака квасецот,да се активира, се додава во подготвените состојки и се замесува средно меко тесто, кое откако се замеси треба да се остави да стои 20 минути да се одмори.
За тоа време овошјето се натопува во рум и се остава да отстои. Се сука кора правоаголна кора дебела колку прст и се роси со фил, се преклопува од едната страна, пак се става фил, се преклопува од другата страна (како за лиснатички кога се прават) се така дури има фил и најгоре да се преклопи со тесто, кое сега има квадратна форма, но со раце ќе се обликува кружна, во големина колку тркалезен калап во кој ќе се печи.
Јас печам во калап со дијаметар 20-22 см.
Се остава убаво да надојди до врв, се премачкува топен маргарин со белка матена и се става да се печи на 175 убаво да зарумени, некогаш ставам хартија за печење најгоре за да не се суши површината и да не загори. Ладно се сечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови