Не е сезоната на подготовка на ова преубаво слатко, но е сезоната на негово конзумирање и уживање! ))))
Исто како и на вкусниот сок подготвен од ова овошје! ))))

Најнапред ги мерам вишните. Најдобро е да се варат околу 5-6 кг. вишни оддеднаш.
Се мијат, им се вадат коските со алатка или наједноставно со игла за плетење со клунче.
Се редат во тенџере, ред вишни, ред шеќер и малку лимонтус. Се остава на ладно да преноќат. Вишните ќе го испуштат својот сок.
Се ставаат да се варат на оган, прво на силно, а потоа на умерен оган, откако ќе зовријат.
Се варат 35-40 мин. откако ќе зовријат, без мешање со протресување на тенџерето.
Пената која се појавува се собира со лажица.
За тоа дали е готово слаткото тестирајте го на ладна тацна. Густината на сирупот треба да е како мед, да остава трага која не се разлева.
Го собирам врело во жешки и чисти стерилни тегли. Завиткувам во старо ќебе и така оставам да се излади и вакумираат теглите.

Инаку слатково вака подготвено е многу трајно...
Деновиве теглата што ја отворив е од пред 2 години.
Го користам во кексови, торти, палачинки....
На <а хреф=Ќ/пост/%Д0%Б0%Д0%БЦ%Д0%Б5%Д1%80%Д0%Б8%Д0%БА%Д0%Б0%Д0%БД%Д1%81%Д0%БА%Д0%Б8-%Д0%БФ%Д0%Б0%Д0%ББ%Д0%Б0%Д1%87%Д0%Б8%Д0%БД%Д0%БА%Д0%Б8-%Д1%81%Д0%БЕ-%Д0%Б4%Д0%БЕ%Д0%БЦ%Д0%Б0%Д1%88%Д0%БД%Д0%БЕ-%Д1%81%Д0%ББ%Д0%Б0Ќ>овој линк еве го мојот рецептот за американски палачинки со ова слатко.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани