- Се чистат пиперките, една половина од истите се сецка на ленти. Се трга на страна.
- Останатите пиперки, исчистениот лук, оцетот, шеќерот, солта и водата се стават во блендер и се блендираат. Вака добиената смеса се става во помал сад и се вари на тивок оган околу 5 мин, се додаваат лентичките од пиперките и се вари.

- Со вода растворете го густинот до одредена густина која нема да има грутчиња, се додава кај веќе готовиот сос и се доварува колку да се спојат. Тргнете на страна и соберете во теглички.
Напомена
- За водата во која се додава густинот нема мерка, сами одредете која густина ќе ја сакате вие.
- Можете да го соберете во мали флаши или мали теглички, стерилизирајте како и секоја зимница, долго ќе стои.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани