Фруктозата е шеќер кој и не треба многу да се користи во хроно исхраната. Подобро е за ужина да се касне овошје кое е богато со фруктоза, а не да се става преработена во слатки. Меѓутоа, ако сте излезени од рестрикција и ги мислите крофничките дозволено е понекогаш да се почестите, како јас што си се почестив со овие чоколадни крофнички.

Подготовка
1. Јајцата ги матиме со фруктозата и ванила ектрактот, да се дуплирааат.
2. Ја додаваме свинската маст и киселата вода.
3. Сувите состојки кои ги промешуваме и соединети постепено ги додаваме во течните.
4. Смесата ја ставаме во шприц и ставаме од неа во секое калапче од апаратот за крофни.
5. Затвораме и чекаме околу 3-4 минути да ни се испечат.
6. Откако ќе се изладат ги макаме во стопено чоколадо и уживаме во оваа слатка хронерска ужинка.

Забелешка
Кога излегов од рестрикција не бев свесна дека ќе имам ужинка и тоа слатка, се разбира понекогаш. А единствен заменски шеќер што ми се наоѓаше по дома беше фруктозата (која ја користам во подготовка на фондан). Ќе има и други рецепти со фруктоза, но поретко. Инаку во хроно исхраната како заменски засладувач се препорачува стевиата, агаве сирупот...
Маслото во чоколадото го ставаме за сјај.
Од оваа смеса успешно се прават мафини, а и вафли. Затоа ставајте се во кујна и блажете се.
Фотката е направена веднаш по чоколадизирањето, зошто ќе ми ги полапаа малишаниве и ќе останев без фотка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани