Вкусни се. Топло ви ги препорачувам!
1. Маргаринот (или путер ако сакате), го ставаме во топлото млеко и мешаме додека да се истопи.
2. Заедно се додаваат во брашното, во кое претходно се измешани сите состојки за тесто.
3. Се замесува меко и нелепливо тесто, кое се остава 30 минути на топло, да нарасне.
4. Состојките за полнеж се мешаат, по желба може да се додаде 1 лажичка цимет и 1 лажичка рум.
5. Стасаното тесто го развлекуваме во кора со средна дебелина и со нож сечеме парчиња по желба, или ако сакате можете да извадите крукчиња со модла или чаша. Но, вака како на фотографијата мене ми е полесно.
6. Парчињата, едно по едно, се полнат со по малку фил и се собираат како вреќички.
7. Се редат на набрашнета површина со собирот надолу.
8. Се покриваат со крпа и се оставаат да се дуплираат (околу 1 час) на топло.
9. Во подлабоко тенџере ставаме вода до пола, и врз тенџерето врзуваме крпа на четири места - од страните од кај рачките врзете ја со ластичиња/стегачи а од другите две страни стегнете убави, цврсти врзопчиња.
10. Ставете го тенџерето така спремено на оган, на најсилна јачина за да зоврие водата. Кога ќе се создаде пареа, намалете ја јачината и ставете 3 кнедли над крпата, па поколопете го тенџерето. Потребното време за варење на секои 3 кнедли е 8 до 10 минути, во зависност од јачината на шпоретот.
11. Кога ќе се сварат, вадете ги на алуминумска фолија.
12. Се посипуваат по следниот редоследЧ прво се натопуваат во стопен маргарин, па во афион, па во шеќер во прав, или ако сакате може да ги измешате шеќерот и афионот, па така да ги брбелате. Може да се јадат веднаш, но ако навистина сакате да уживате во вкусот, оставете ги малку да се изладат, па да се добие крцкава коричка како оклоп од афионот.
13. Од овие состојки јас добив 14 кнедли. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови