Загрејте го млекото до зовривање.
Тргнете го од оган и додајте ги путерот и шеќерот.
Промешајте и оставете да се олади.

Квасецот ставете го во топлата вода и оставете да отстои 10 минути.

Во мешавината од млеко, путер и шеќер, додајте го растворениот квасец, прстофат сол, јајцето и половина од брашното.
Месете со постепено додавање на преостанатото брашно.

Оставете да стасува 1 час.

Стасаното тесто поделете го на 17 топчиња од по 25гр.
Оставете ги топчињата да стасуваат 30-40 минути.
Печете ги на 180 степени, 10-15 минути, додека поруменат малку.

Испечените топчиња оставете ги убаво да се оладат.

Во меѓувреме спремете ја кремата за полнење.
Со жица изматете ја рикотата со шеќерот во прав и какаото.

Посебно изматете ја слатката павлака, па додајте ја во смесата од какао, шеќер и рикота.
Измешајте внимателно во еден правец.

Ставете ја кремата во шприц и полнете ги топчињата од долната страна.

Вака спреманите топчиња посипете ги со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани