Сладок појадок или сладок ручек..

- Во сад ја соединуваме урдата и јајцето, го додаваме брашното и солта и со раце формираме нелепливо тесто. Тестото го оставаме 30 минути да одмори на ладно место.
- На набрашнета површина тестото го обликуваме како ролат. Со нож го сечиме на парчиња дебели околу 2цм.
- Сливите ги миеме и им ја отстрануваме семката.
- Во секое парче тесто ставаме по една слива и внимателно обликуваме топче. Постапката ја повторуваме и со останатото тесто.
- Во тенџере со вода која што врие ги ставаме кнедлите и ги вариме на тивок оган 8-10 минути, за тоа време ќе испливаат на површина.
- Кога ќе ги извадиме готовите кнедли ги боцкаме со вилушка за да им излезе пареата.
- Ги сервираме полеани со растопениот путер, посипани со какаото и шеќер во прав или медот во мојот случај.

Напомена
Одлични се и со јагоди, боровинки или кајсии..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови