Јаболкото исчистете го, исечете го на коцки и пропржете го со путерот, циметот и шеќерот. Нека се излади.
Кексите малку искршете ги или изблендирајте ги.
Во тегличката најдолу ставете од кексите, па коцките од јаболко, кремот, над него ставете ја исечканата банана, оревите, лешниците и завршете со кекси. Притиснете малку да се спои смесата, затворете ја тегличката и ставете ја во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови