Сите сакаме домашно подготвени пецива, ама кога се пости навистина ми се голема инспирација, па секакви варијанти произлегуваат. Еве го и овој рецепт на слатка саќе погача или бухтли со која ќе заблажите и го заситите својот ближен за време на тековниве пости.

Подготовка
1. Се замесува тесто од сите состојки и се остава да стаса.
2. Откако ќе стаса (без размесување) го расукуваме со дебелина од 1 до 1,5 см и вадиме кругови со чаша или алатка.
3. На секој круг ставаме мармалад или крем и ги затвораме.
4. На подмачкано со масло тавче бр. 28 ги ставаме топчињата со затворената страна надолу. Ги премачкуваме со масло пред печење.
5. Ги печеме во загреана рерна на 180 степени додека да поцрвенат.
6. Откако ќе се испечат ги премачкуваме пак со масло и ги посипуваме со шеќер во прав.

Забелешка
Ако сакате да не ги стасувате пред печење, откако ќе стаса тестото само истурете го на работната маса, расукајте и вадете кругови. Ако го размесите тестото, тогаш откако ќе ги наредите во тавче топчињата, тогаш вклучете ја рерната да се загрева, а нив оставете ги нека стасаат малку.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани