Сувите состојки ги ставаме во еден сад, квасецот последен.
Маслото го ставаме во сувите состојки, па со млаката вода замесуваме средно меко тесто кое го оставаме да стаса.
За тоа време праските ги миеме и ги расекуваме на долната страна во форма на крст. Не многу длабоко само рез им правиме.
Ги попаруваме со врела вода околу 30-60 секунди. Веднаш ги вадиме и ги ставаме во ладна вода со мраз. Ги вадиме и ги лупиме. Многу лесно се лупат. Ги сечкаме на половинки и ги зашеќеруваме.
Тестото го ставаме на набрашнета работна површина и го расукуваме во круг околу 8 мм дебел. Со калапче или чаша вадиме кругови од тестото. На секој круг ставаме парче праска и ги редиме во круг на тавче бр. 22 обложено со мрсна хартија за печење.
Откако ќе ги наредиме ја вклучуваме рерната да се загрее на 180 степени.
Печеме околу 45-60 минути.
Откако ќе се испече погачата ја оставаме околу 5 минути па ја вадиме од тавчето. Ја посипуваме со шеќер во прав.
Чекајте да се излади пред да ја пробате.

Забелешка
Ако почне да ви потемнува при печењето, ставете хартија за печење врз неа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани