Брз, едноставен и вкусен десерт.

Во дел од млекото растворете го пудингот. Останатото млеко заедно со шеќерот ставете да се вари. Откако ќе зоврие, додадете го пудингот и палентата и варете на средна температура со постојано мешење со жица за матење. Смесата треба убаво да се згусне.
Тргнете на страна, додадете путерот и ванилата и убаво измешајте за путерот да се стопи. Вкусете ја блажината, доколку сметате дека не е доволно благо, додадете шеќер.
Десертните модли или чаши исплакнете ги со ладна вода и наполнете ги 2/3 со врелата палента. Во остатокот од палента додадете го какаото и убаво измешајте ја смесата. Дополнете ги чашите/модлите со чоколадната смеса. Оставете малку да се излади па ставете ги да одстојат неколку часа во фрижидер.
Со помош на нож, одвојте ја палентата од страниците на десертните чаши/модли па превтртете ги на десертни тањирчиња.
Послужете со овошен или чоколаден сос и/или матена слатка павлака..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани