Ги соединуваме слатката и киселата павлака, кондензираното млеко и шеќерот.
Може да ги изматите со миксер ама сосема кратко да не претерате, само колку да се соединат и малку волуменизира слатката павлака. Целата смеса ја ставаме во апарат за сладолед и го оставаме да работи околу 15-20 минути.
Замрзнатите јагоди заедно со киселата павлака или јогуртот ги блендираме во Нутрибулет.
Смесата од апаратот ја истураме во еден сад. Ги додаваме блендираните јагоди, лесно промешуваме за да не се соединат двете смеси целосно.
Сладоледот може веднаш да го послужите, а може и да го ставите во замрзнувач.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани