Подготовка
- Преполовени праските на кои сте им извадиле семките ставете ги на хартија за печење, полијте ги со сок од лимон, посипете со ванилин шеќер, четири лажици мед, поросете со малку ѕвезден анис.
Ставете да се печат во рерна околу 30 мин. на 200 степени.
- Со процесот или најобично со вилушка оладените печени праски грубо исецкајте или згмечете, нека оладат.
- Додека се ладат изматете ја слатката павлака, во неа додадете ги праските, засладете дополнително со мед бидејки додека се лади има својство да се намали благоста на сладоледот. Ставете во фрижидер за длабоко замрзнување. Додека целосно да замрзне на неколку пати промешајте го за да не се стварат кристали, а доколку го имате апаратот, уште подобро, ќе добиете совршен овошен сладолед.
Послужете како сакате.
Идеален ми е и ми се чини комплетен кога се послужи на гриловани праски кои ги спремам на следниот начин.
Преполовени праските лесно ги премачкувам со маслиново масло, ги запекувам на грил тавата први со пресекот надолу, потоа за кратко ги обркам на другата страна. Чекам малку да оладат, на местото каде што стоела семката ставам малку исецкано сладко од смокви, залевам од сирупот, ставам од сладоледот и може да поросите со јаткасто овошје, може да залиете одозгоа исто така со мед или сирупот од слаткото... ваш избор. Вака послужен е со збогатен вкус.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани