Само три состојки, а прекрасен летен, леден десерт со свежо овошје.

Подготовка
Смоквите ги мелеме во нутрибулет или друг блендер.
Ја блендираме стевиолината заедно со киселото млеко.
Во калапчиња за сладолед ставаме ред мелени смокви, ред кисело млеко...ставаме и парчиња смокви по желба.
Ги оставаме калапите во фрижидер да се замрзнат. По неколку часа или една ноќ ги вадиме калапите ги ставаме неколку секунди во жешка вода и го вадиме сладоледот. Уживајте!

Забелешка
Можете да ја замените стевиолината со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани