Овошните здрави сладоледи ми станаа мала опсесија во последно време.

- Во блендер или процесор за храна се соединуваат бананата, таанот, медот и јогуртот.
- Смесата се дели на два еднакви дела, во едниот се додаваат изблендираните боровинки, а во другата изблендираните цреши.
- Двете смеси се замрзнуваат околу 1 час.
- Во тегличка или чаша се најпрво се додава белиот фил од блендираната 1/2 банана, јогурт и мед, потоа сладоледот од цреши. Другата половина од бананата се сечи по должина и се додава на страна на теглата, на крај се додава сладоледот од боровинки.
- Се декорира со боровинки, таан, сецкана банана и сл.

Напомена
Наместо боровинки може да се искористат малини, јагоди или друго сезонско овошје. Вкусот е неодолив..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови