Ова вкусно јадење, можете да го подготвите за ручек или вечера, зависно од желбата. Јас го подготвив за Петровденска вечера, која слободно може да се искористи и за хроно комбинација.

За скушата
1. Скушата се чисти од внатрешните органи и убаво се мие.
2. Лукот, магдоносот, сенфот и зачините се сецкаат и мешаат и внатршноста на рибата се полни со нив.
3. Се редат во длабок сад и се прелеваат со масло и балсамико.
4. Се оставаат да стојат 2-3 часа, за да се маринираат.
5. Се подготвуваат на скара, така што на почеток се печат на посилен оган, да фатат коричка, а потоа на потивок, за да внатрешноста им се зготви.

За тиквичките
1. Тивкичките се мијат и не се лупат. Се сецкаат на долги, тенки ленти и се редат во длабок сад.
2. Кога садот ќе се исполни со еден ред тиквички, се напрскуваат со масло, се наросуваат со зачини и врз нив се реди 2 ред и се така додека да ви се потрошат тиквичките.
3. Се оставаат да се маринираат половина час.
4. Потоа се печат на скара, на среден оган и се подготвуваат за многу кратко време. Отприлика по 30 секунди им треба за една страна да биде готова.

Мене оваа комбинација многу ми се допаѓа, затоа што со хроно максимално го избегнувам компирот, особено за вечера, така да оваа комбинација ми е иделана.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови