Сконсите се едноставни и брзи пецива, традиционални во Англија, но се подготвуваат и ширум светот.
Тоа се погачици најчесто со триаголен облик, составени од различни видови на брашно, путер, млеко или јогурт, пециво и разни додатоци.
Може да се подготвуваат со гауда, чедар сирење, кашкавал, фета, сино сирење....варијанти има многу.
Еве го мојот начин на подготовка.

Во еден сад се соединуваат двете врсти на брашно, солта, пецивото, свежо мелен бибер и путерот.
Со раце се прават трошки, се додававт сирењето и мортаделата. Може да се остави малку и за посипување одозгора.
Сега во еден сад го ставаме јајцето, малку го матиме со вилушка, па ги додаваме јогуртот, сенфот и соединуваме.
Ги соединуваме сувите и течните состојки и замесуваме нелепливо тесто.
На работната маса ставаме посип од брашно и тестото.
Го развлекуваме во округла форма, одприлика со дебелина од 1,5-2 цм.
Со нож го делиме на 8 триаголници.
Ги ставаме во плех на кој има ставено хартија за печење.
Ги премачкуваме со жолчка, во која има додадено вода.
Одозгора повторно по желба наросуваме од оставеното на страна сирење или во мојов случај рендана гауда (сакав богат вкус)
Се печат околу 20 минути, да заруменат.
Ги вадиме од рерна, оставме 10 минути да се изладат , па ги послужуваме.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани