Веднаш да кажам дека ова е оној класичен начин на подготовка на сируп за растворање, кој го подготвуваа и нашите баби. Превкусен домашен напиток.

Вишните се мијат, се ставаат во тенџере и се налеваат со вода да ги прекрие. Се оставаат да преноќат.

Другиот ден убаво се гмечат со раце да го испуштат целиот сок и се цедат низ ситно сито и газа. Се мери количината на течноста и толку се става килограми шеќер. Оној познатиот термин кило со кило, всушност се мисли литар за течноста и кило за шеќерот. Пример ако добиеме 5 литри течност, ставаме 5 кг. шеќер.

Се става на силен оган додека да зоврие, притоа мешајќи шеќерот да се растопи.
Потоа се намалува на умерен оган и се вари додека добие убава густина сирупот, целосно шеќерот се растопи, некаде 30 на минути. Пената цело време се собира.

При крај се додава лимонтусот. Како што и кажав во претходниот рецепт, зависно од шеќерот. Пресметуваме колку ќе ни треба, на килограм шеќер-3 гр. лимонтус.

Се собира жешко во жешки чисти и стерилни шишиња. Се завиткува во старо ќебе така да изладат шишињата при што ќе се вакумираат.

*Забелешка-Може и пред да се цедат вишните малку да се зовријат, да омекнат, со цел при гмечењето повеќе да се истисне сокот од нив, па да се исцедат.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани