Овој прекрасен сируп од бозел прв пат го пробав на гости и се воодушевив од вкусот. Се разбира дека веднаш побарав рецепт за да го подготвам. Вкусот многу потсетува на фанта шоката, кога се раствара до кисела вода. Но се разбира, далеку поубав, барем според мој вкус. Вистинско летно освежување е овој прекрасен сируп за растварање од бозел.

Бозелот е грмушесто растение, со крупни бели цветови во облик на чадорче. Самбукус нигра е латинското име. Сите делови од растението се лековити, но најчесто се користат цветовите и бобинките. Од цветовите најчесто се подготвува сируп, чај и ликер. Од зрелите бобинки се подготвува џем, сируп, ликер и вино.

Подготовка на сируп од бозел
- Цветовите прво убаво ги миеме.
- Во водата го раствараме лимонтусот и го додаваме лимонот.
- На крај се ставаат и цветовите
- Сето ова убаво се меша и се остава да стои 24 часа, со повремено мешање.

- Потоа се цеди низ цедалка, а течноста се поминува и низ газа.
- Во добиената течност се додава 5 кг шеќер и се меша.
- Повторно оставаме уште 24 часа да стои, со повремено мешање, за да шеќерот убаво се растопи.
- На крај се собира во шишиња и се замрзнува.

- Бидејќи не се користат никакви конзерванси и се прави со ладна вода, сирупот од бозел мора да се замрзне и по потреба се користи, при што откако ќе се отвори шишето, се чува во фрижидер и треба да се искористи што е можно побрзо.
Токму убавината и лековитоста на овој сок од бозел е во тоа што нема никаква термичка обработка.

Ова лековито растение помага за акни, чиреви, конјуктивитис и кожен осип. Бозелот се користи во креми против пеги и дамки на кожата. Тој е природен лаксатив, делува и како диуретик и придонесува за здравјето на бубрезите. Заради сите овие својства, одличен е и како помош при губење на тежината.

*Сезоната на млади цветови бозел, веќе е завршена, но се надевам дека за наредна година ќе ви биде од помош овој рецепт за да го подготвите и да се освежувате во текот на летото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови