Подготовката на овае посно домашно сирење е брза и едноставна.
Млекото ставете го да зоврие. Откако ќе зоврие тенџерето тргнете го од огнот, додајте го сокот од лимон и мешајте го 1-2 минути, веднаш ќе забележите дека сирењето веќе почнува да се прави. Потоа покријте го со капак и оставете го да лади околу 1 час. Во цедилка ставете газа и турете ја смесата со сурутка и оставете го да се цеди. Бидејќи го правев навечер го оставив цела ноќ.
Добиеното сирење има мазна структура, исто како рикота сирење со нежно киселкаст вкус. Може да го употребите за замена на обичното сирење, за салати, за тестенини, да си додадете зачини по вкус и да си го мачкате на леб.
Од оваа доза ми излезе 250 мл, садчето што се гледа на сликата.
Во состојките напишав дека може да се употреби и јаболкова киселина (како што читав на интернет ) наместо лимон, но јас секогаш го правам со лимонов сок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани