Во еден сад ги соединуваме јајцата, солта, маслото, јогуртот, млекото.
Кратко со вилушка ги матиме, па го додаваме пецивото.
Во тава на оган ставаме масло, па сецканиот праз.
Пржиме, па додаваме сол и малку бибер.
Тргаме од оган, ги додаваме сирењето и јајцата.соединуваме.
Земаме една кора, ја премачкуваме со кашичка, повторно кора, па кашичка, кора.
На третата кора распоредуваме од веќе приготвениот фил.
На почеток на кората го ставаме сукалото и лабаво формираме ролат.
Сега од двете старни го гужваме ролатот, како што ја правиме грклан баклавата и го извлекуваме сукалото.
Ги редиме во намастен плех.
Постапката е иста со целиот материјал.
Со остатокот од кашичката ги премачкуваме набраните ролати.
Наросуваме сусам.
Ги печиме околу 25 минути во загреана рерна на 200 с.
Испечени ги оставаме да се изладат, па ги сечеме на парчиња од 3-4 цм.
Послужуваме со јогурт.
Совет- видете колку кори има во 500 гр, па поделете точно, за сите ролати да бидат исти.
Може да се прават набрани ролати и со по 2 кори.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани