- Синапот смелете го. Можете целиот во фина прашкаста состојба, а можете да одделите и да половина од него биде грубо смелен. Преместете во сад, додадете куркума и кари и измешајте.
- Измешајте го со јаболковиот оцет, покријте со фолија и оставете нека одстои 24 часа.
- Наредниот ден додадете ја водата, маслото и пасирајте. Во неколку наврати додавајте од медот и солта. Пасирајте до фина глатка смеса.
- Соберете го во тегличка или друг сад, покријте, ставете во фрижидер да одстои. Потребно е околу 3-4 дена да созрее, по што веќе е готов за употреба.
Напомена
- Медот ја има улогата да ја намали киселоста поради што би ви предложила да го целото тоа пробате и дотерате на ваш вкус.
- Од оваа количина излегува околу 250 гр.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани