1. Стекот се премачкува со малку масло, се наросува со сол и бибер и се остава да одстои 15 мин.
2. Кромидот се сече на тенки резанки, му се додаваат останатите состојки и се остава да се маринира.
3. Сите состојки за премазот со фета убаво се мешаат. Ако сакате да има помазна структура испасирајте со рачен пасатор, јас само ги соединив со вилушка.
4. Измешајте ги сите состојки и за преливот од мајонез и пармезан.
5. Тиквичките исечете ги на ленти, посипете ги со сол и оставете да ја испуштат водата.
6. Во грил тавата ставете малку масло и убаво загрејте ја. Ставете ги стековите и пржете ги од двете страни додека добијат румена боја (отприлика по 4 мин. од секоја страна)
7. Кога ќе се испржат извадете ги на тањир и оставете ги да одстојат 5 мин. потоа исечете ги на тенки парчиња по должина, без да ги раздвојувате и премачкајте ги со преливот од мајонез и пармезан. Оставете ги така да одстојат додека ги спремате останатите додатоци.
8. Тиквичките исцедете ги од водата која ја пуштиле, панирајте ги во брашно и испржете ги на грил тавата.
9. Слаткиот компир излупете го и исечете го на тенки резанки. Загрејте масло во подлабока тава и испржете го чипсот, внимавајќи парчињата да бидат во еден ред, да се не се преклопуваат. Посолете по вкус.
10. Поради тенденцијата излупеното авокадото брзо да потемнува во контакт со воздухот, гвакамолето спремајте го на крај, пред да почнете да го редите сендвичот. Едноставно со вилушка испасирајте го авокадото и додадете му ги останатите состојки.
11. Лепчињата пресечете ги на два дела по должина и ставете ги на грил тавата малку да се потпечат.
12. Почнете да го составувате сендвичот.
13. Двете парчиња од лебот обилно премачкајте ги со премазот од фета сирење.
14. Потоа редете, тенки парчиња домат, рукола, тиквичка на ленти, парчиња моцарела, пилешко на парчиња, гвакамоле, закиселениот кромид и најодозгора второто парче леб.
15. Послужете го сендвичот со чипс од сладок компир и уживајте во богатиот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани