Гозбааа- ручек како од најдобрите светски ресторани.
Пробајте го

Парчето свинско филе го чистиме од жилички до колку ги има.
Го премачкуваме со сенфот.
На парче фолија ги ставаме шарениот бибер и солта.
Промешуваме.
Тука го валакме парчето филе.го завиткуваме во фолија и го оставаме 2 часа да одлежи во фрижидер.
Сега во тава ги ставаме путерот и многу малку масло и го пржиме филето од сите страни да зарумени.
Потоа го ставаме во огноотпорен сад , додаваме вода и го печиме во релна околу 20 минути, максимум 30 минути.
Внимаваме на времето за печење, не смеее филето да е крваво, ниту да е пресуво( секој си ја познава својата релна).
Филето го завиткуваме во фолија додека го спремаме сосот со горгонзола.
Во тава ја загреваме павлаката за готвење, па ја додаваме горгозолата.
Мешаме на многу тивок оган да се изедначат.тука ги додаваме и сецканите суви сливи.
Наросуваме со свежо мелен шарен бибер.
По желба додаваме магдонос.
Го сечиме филето на косо на парчиња, го сервираме во тајнир, прелеваме со сосот од горгонзола, додаваме маринирани, па гриловани шампињони, пржен помфрит, зеленчук за декорација и го послужуваме овој прекрасен гурмански ручек.

Прилог од маринирани, па гриловани свежи шампињони

Измиените шампињони ги делиме на половина,
Го сецкаме лукчето многу ситно, го ставаме во еден сад, па ги додаваме сите состојки за маринирање на шампињоните.
Ги додаваме шампињоните и убаво промешуваме, со цел маринадата да ги опфати сите шампињони.
Ги оставаме во фрижидер на еден час.
Потоа земаме грил тава и ставаме само 2-3 капки масло.
Ги ставаме шампињоните и ги пржиме 6-7 минути со постојано мешање.
Кога се готови ги тргаме од оган , ги поклопуваме и нека одстојат така 2-3 минути, пред послужување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани