За мене ова е највкусната посна сарма, блитвата и дава посебен шмек.

Подготовка
1. Исчистениот ориз го миеме и го ставаме 10 минути да отстои во вода.
2. На листовите блитва ги отстрануваме белите делови, рачки, па ги бланшираме.
3. Морковот и празот ги сечкаме ситно и ги ставаме на масло да е пропржат, да омекнат.
4. Го додаваме исцедениот ориз и сечканите печурки кратко да се пропржат.
5. Кон крајот на пржењето ги додаваме зачините и сечканиот магдонос. Соединуваме со мешање.
6. На секој лист блитва ставаме по една голема лажица од подготвениот фил.
7. Ги редиме сармичките во тава, ги залеваме со жешка вода и тавата ја ставаме во рерна на 200 степени околу ½ час или додека да се свари оризот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани