Додека има лобода, искористете ја за различни јадења. После чорбата, еве уште една идеја со лобода.
Прво булгурот го ставам во вода околу 30 минути да постои.
Исецканиот кромид го пропржуваме, додаваме булгурот и исецканите оревчиња не повеќе од десет минути. Малку сол и ако сакате лут сос.
Потоа филот го ставаме на убаво измиените листови лобода. Виткаме и редиме во тавата. Се додава малку загреана вода.
Рерната загреана на 200 степени и печам околу 40 мин. Може и помалку зависи од тавата и вашата рерна.
Постапката е како за обична сарма, само овде се други состојки.
Ова е посен рецепт, а со кисело млеко при сервирање дополнително ќе уживате.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови