Оваа сарма се прави со незапржено мелено месо, така што времето за подготовка е помало, а вкусот одличен. Јас првиот пат одамна кога видов дека сармата може вака да се прави без да се запржи месото, ми беше малку чудно, но од тогаш ја правам само на овој начин. Сармите при варењето не се растураат, туку остануваат цели.

1. Најпрвин се вадат сите листови од зелката, им се сече малку дел од кочанката и се оставаат настрана. Се одбираат најубавите 10 до 11 листови во кои ќе се става месо, а од останатите лисја се планира дел за подлога и дел за најгоре.
2. Сите состојки за филот од месо се измесуваат убаво со рака.
3. Со дел од одделените лисја се покрива намрсеното тенџере каде ќе се вари сармата.
5. Од најубавите листови се виткаат сарми, се редат во тенџерето.
6. Одозгора врз сармите се става малку масло, брашното, црвениот и црниот пипер.
7. На крај се распоредуваат последните листови од зелката.
8. Се тура расолницата во висина малку над завршните листови и се става една чинија која нема да дозволи да се растураат сармите.
9. Се загрева сармата и штом ќе почне да врие течноста, се намалува температурата на најтивко, се остава да крчка така 3,5 до 4 часа, а пред половина час од ова време, внимателно се вади чинијата.
По желба, пред 15 минути пред исклучување на шпоретот, се става запршка која се прави така што се запржува брашното со маслото до негово поруменување, се трга настрана, се става црвениот пипер, се меша и се истура врз сармата.
Тенџерето се протресува малку за запршката да појде насекаде.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани