Рецепт на мојата драга пријателка Емира од Сараево.

Прво пилето го ставаме во малку посолена вода да се вари.
Од кога е убаво сварено, го чистиме од кожичката и од коските.
Со раце го дробиме на ситни парченца.
Водата ја процедуваме и по потреба малку ја зачинуваме.
Сега на малку масло го запржуваме кромидот, додаваме малку сецкан целер, пашканат, кратко пропржуваме, го додаваме исчистеното месо и зачинуваме.
Сега земаме еден сад, јас бидејќи спремав за двајца, користев 6 мали испечени готови млинци и пола пиле.
Кората ( млинците) ги потопуваме по малку во течноста и ги редиме на дното на тавата каде ќе се печи.
Попрскуваме со 2-3 капки масло.
Ставаме уште една потопена кора.Ставаме една кутлача од врелата супа.
Содржината на месо ја делиме на половина, па ја ставаме првата половина врз овие две кори.
Сега повторно земаме две кори, ги потопуваме во течност, ги ставаме врз месото.
Попрскуваме по 2-3 капки масло.
Пак ставаме еден кутлач од течноста, супата.
Сега ја ставаме втората половина на месо.
На крај ги ставаме 2 потопени кори во течноост одозгора.
Пак ставаме една кутлача супа и попрскуваме со масло.
Вака спремно го ставаме во загреана релна да се пече околу 30 минути, го вадиме на кратко и го прелеваме со уште една кутлача супа.
Го допекуваме уште 5 минути.
Сервираме топло.

Забелешка

Мене многу ми се допадна овој начин на подготовка на ручеков.
Зошто Босанците ова го викаат Босански тирит, не знам, кога и онаа смеса од брашно, путер, јајце која ја ставаат на баклавата, за која ви зборувава во некој претходно поставен рецепт, исто ја викаат тирит.
Како и да е ова е малку понаков начин на подготовка на топол, вкусен ручек.
Како за прв пат бев задоволана, иако сметам дека сум ставила можеби некои 50-70 мл повеќе течност.
Значи овде е најбитно да проработи инстинктот, осетот за подготовка на ова јадење, а секако и искуството.
Нареден пат ќе ми биде за чиста петка, се надевам, хахахах.Сега си давам солидна 4+.
Кога се спрема за 4 особи, се користи цело пиле, 500 гр млинци и секако поголема количина на течност.
Се користи исклучиво домашно, младо петле или коковче.
До колку е мала количината на течност од варењето на месото, се додава вода, се промешува и понатаму се постапува како што ви напишав.
За оние кои имаат време и желба еве и рецепт за подготовка на домашни млинци.
500 гр брашно, 1 лажиче сол, околу 350 мл вода.
Од овие состојки се замесува средно тесто, се покрива и се остава да одмори 30 минути.
Потоа тестото се дели на 2 дела.
Се сучат големи кори, не смее да бидат многу танки, како за тегната пита што се прават.
Секоја кора се сече на четвртасти или правоаголни парчиња.
Најубаво е по некоја секунда секое парче кора да се потпечи на шпорет на дрва.
Во замена може и електричен шпорет да заврши работа.
На тој начин се спремни за погдотовка, а ако останат слободно може подолго време да се чуваат во хартиена кеса.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани