Подготовка
- Тиквичките, морковите и кромидот исечете ги по должина на тенки ленти, (кромидот во тенки полумесечинки), додадете ги сите останати состојки, измешајте и оставете да одстои најмногу до 2 часа или додека забележите дека има доволно сок. Измешајте повторно, пробајте на вкус, можеби ќе сакате да додадете некоја од состојките - мислам на солта и оцетот (за мене е доволно вака)
- Соберете во тегли, затворете и ставте ги во лонец со вода нека провријат. Вријат околу 15 минути сметајки од времето кога почнале да вријат или додека се капачките затворат. Оставете ги во врелата вода се до нивно потполно изладување.
Напомена
Маслото е напишано од 50 до 100 мл. јас ставам 50 мл. од причини што не сакам повеќе да имам масло во самата салата, а вие направете според ваш вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани