Брза и лесна салата, совршена за со потпечено лепче.

Цвеклото излупете го, исецкајте го на 4 дела и испечете го додека да омекне. Не мора повеќе.
Се пече на 200 степени, во тава со капак, а за проверка боцкајте го со вилушка. Од прилика 40 мин, зависи од рерната и дебелината на парчињата.

Испеченото цвекло нека се олади и изрендајте го. Измешајте го со урдата. Зачинете, додадете го исецканото лукче и убаво промешајте.
Во зависност од тоа дали урдата е посува или потечна додадете мајонез.

Толку Ч)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани