- Киноата добро измијте ја и сварете. Соодносот е една мера киноа - две мери вода. Нека се свари до потполно впивање на водата, Оставете да се олади.
- Доколку сакате домашно спреман наут, одвечер накиснето го, наредниог ден измијте го, налијте со вода и варете се до негово омекнување.
- Исецкајте ги сите зеленчуци, исецкајте маслинките ... додадете кај веке оладената Киноа која сте ја ставиле во длабок сад, додадете пченката и наутот, зачинете, додадете го преливот од лимоновиот сок и маслиновото масло- измешајте.
Многу вкусна и освежителна салата.
Напомена
- Количината прилагодете ја спрема вашата потреба. Дозачинете ја салата доколку не ви е доволно солена или сметате дека недостасува сок од лимон и масло,
- Наместо марула оваа салата е исто така добра со листови од дивиот лук, но поради тоа што не може секогаш да се набави, затоа солидна замена е марулата.
- Коноата мора добро да се измие за да не остане опоритиот горкаст вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани