Во еден сад ги соединуваме сите состојки за дресингот.
Промешуваме убаво.
Оставаме на страна.
Сега наутот од лименка го процедуваме и го миеме со ладна вода.
Оставаме да се исцеди додека го подготвуваме останатото.
Благата и лутата пиперка ги сечемне на кругови.
Го сецкаме на мали коцки и црвениот домат, на кој сме му го извадиле семето.
Морковот го рендаме на крупната страна на рендето.
Во еден сад ги соединуваме сите состојки, додаваме магдонос, босилек, лукче,
Го додаваме подготвениот дресинг и лесно промешуваме.
Сервираме, декорираме и оставаме 15 минути во фрижидер пред послужување.
За мрсна варијанта често пати ставам коцки фета сирење и 2 варени, ситно сецкани јајца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани