Јајцата се варат со прстофат сол.
Се разматува бојата за јајца со 1 лажица оцет и топла вода.
Се сечат јајцата на половинка се вади жолчката и се пуштаат половинките 1 минутка во бојата.
Се вадат и се цедат убаво.

За полнежот
Во блендер се ставаат претходно варените компири и пиперки.
Се додава мечкиниот лук, се зачинува и се додаваат оревите и жолчките.
Со смесата се полнат вдлабнатините на половинките јајца.
Се декорира со сецкани кругови маслинки.
Еве убава идеја за искористување на Велигденските јајца.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови