Ова беше мојот денешен оброк.
Гравчето го вариме на тивок оган, во кој сме додале малку кромид, нане, ловоров лист....или зачини по ваш вкус.
Го процедуваме од течноста.
Може да се користи и грав од лименка.
Тестенината ја вариме и неа и ја процедуваме.
Во еден сад ги соединуваме макарончињата, гравот, ливчињата ротквици, магдонос, сецканото младо кромидче, сол, бибер, масло, лимон и лесно промешуваме.
На крај ги додаваме коцките фета сирење и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани