Чашата е од 240 мл.
- Сварете го цвеклото, излупете и исецкајте на коцки
- Морковот изрендајте на едрата страна од рендето
- Авокадото преполовете го - едната половина исецкајте исто така на коцки.
- Од останатата половина од авокадото спремете го дресингот од Авокадо, но од половина состојките.
- Откако сте го направиле дресингот, во садот измешајте 1 чаша од сварената леќа, исецканото цвекло и авокадо, ренданиот морков - целото тоа повторно разбркајте да се сите состојките спојат.
- Сервирајте посипувајки со рукола.
Напомена
Кога ќе ја варите леката внимавајте да не е преварена. Може да се приготвува и со црвената леќа.
Доовкусете за вашиот сопствен вкус. За нас е доволен самиот дресинг - ништо не додавам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани