Пилешкиот стек се зачинува и се печи на грил тава да зарумени.
Кога се изладил се сечка на коцки.
Морковот го вариме во една касерола.
Исто и грашакот го вариме или ако е од конзерва не треба.
Целерот го рендаме на ситното ренде.
Сварените моркови ги сецкаме на ситно, го процедуваме грашакот.
Во еден сад ги соединуваме пилешкото месо, грашакот, морковите, целерот, солта, биберот, мајонезот, павлаката.Оставаме да се спојат вкусовите и потоа сервираме.
Декорираме по сопствен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани