Вкусна, летна салата, која надополнета со парче добро сирење може да биде и лесна вечера.
Исто многу добро одговара со печено месо, скара, џигер.....
На моја радост користев компир со црвена лушпа.
Многу одамна не сум го купила.
Што би рекла Норт го купив во маалското гранапче (продавниче).
Тој компир е посебно вкусен.

Прво компирите ги миеме и ги вариме во многу малку посолена вода.
Од кога се сварени, ја истураме водата и оставаме убаво да се оладат.
Оладени ги лупиме, па ги сечеме на парчиња, одприлика по 1 цм.
Врз парчињата наросуваме сол и ставаме свежо мелен шарен бибер.
Измиените домати ги сечеме на кругови, одприлика со иста дебелина како и компирите.
Во еден сад во кој врие вода, ја ставаме жолчката да се вари.
Кога е сварена ја тргаме на страна и оставаме да се лади.
Тука ги додаваме солта, шеќерот, маслото, јогуртот, сенфот,мајонезот.
Сето со вилушка убаво го соединуваме.
Во пригоден сад наизменично редиме круг домат, круг зачинет компир.
Меѓу нив ставаме ливчиња свеж босилек.
Со подготвениот дресинг го прелеваме зеленчукот.
Нежно наросуваме бибер.
Оставаме барем 1 час да одстои во фрижидер за да се спојат вкусовите.
Послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани