- Сите состојки измешајте ги, додадете по ваш вкус само мајонез или мешавина мајонез и кисела павлака, додадете бибер на вкус, осолете на вкус, но притоа внимавајки на тоа дека кашкавалот и шунката се солени.
Сервирајте и декорирајте доколку ви е желба.
Напомена
- Оваа салaта може да носи и друго име, но драгото ми пријателче Вадик ја крстил така, сакав така и да остане. Тој е доста прибирлив, прекрасно работи момчето и секој негов рецепт ме радува.
- Во врска со темата се обидов да ја декорирам и тоа со морков и краставица.
- Цветот од морков се прави така што истиот се сече на половина по должината, со ножето - лупачот - исечете две ленти, истите пак на половина или на толку големина колку што сакате цветот да е голем. Се засекува (крои) од горната страна за да се добие форма на лист. Ведна одозгора од внатрешната страна се сече надолжина, но не до крај (тоа се латицити) .
Од рамната страна се засекува вертикално. Се става во ледена вода. Потоа се земат, пресеците се преклопуваат еден врз друг, се става на чепкалка на која веќе сте ставиле одсечено парче од морковот. Исто така ке постапите и со останатите ленти кои се во ледената вода, составувајки ги една спроти друга. Ставете одозгора повторно мало парченце морков, тоа ке биде толчникот. Вратете во ледената вода. Велам во ледена бидејки бргу се извиткуваат,
- На тањирот ставив и мали декорации од краставица кои сосема лесно се прават...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани