Оваа салата е една од моите омилени. Многу лесно се прави.
1. Се вараат оризот и јајцата.
2. Краставицата се лупи и се сецка на ситни коцки.
3. Се сецка една мала главица кромид, сурими стапчиња и сварените јајца.
4. Во длабок сад се ставаат сите состојки, се додава мајонез и се промешува.
Наместо мајонез можете да ставите кисела павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови