Драги мои, сакам да Ви ја претставам оваа вкусна и нежна салата, која се вика Инспирација и која ги поврзува сите мои кулинарски работи на овој прекрасен сајт затоа што тие јас ги спремав со голема љубов и инспирација! :)
За првиот јубилеј јас зготвив руска торта Дамски желби, а овој пат мојот избор застана на оваа празнична салата. Се надевам дека ќе Ви се допадне салатата и по можност да ја зготвите на некој свечен момент во вашиот живот, без сомнеж блиските луѓе ќе Ви дадат само 10ка :)
Меѓутоа сакам да се заблагодарам на тимот Мои Рецепти , затоа што Вие постоите и давате можност за прекрасните домаќинки за да ги споделат своите омилени рецепти.
Фала и на жените што се редовно тука со сите нас, со поддршка и со критика што исто така е важно. Срдечен Поздрав, дружбата продолжува!)

Салата Инспирација

1. Цвеклото, морковите се варат и се рендаат, жолчките од сварените јајца се рендаат оделно од белките.
2. Кашкавалот и шампињоните се рендаат, а кромидот и шунката ситно се сецкаат.
3. Салатата се собира во редови на овој начин -
* цвекло
* морков
* кромид
* шунка
* жолчките од јајца
* шампињони
* кашкавал
* белките од јајца.
Меѓу сите редови се става тенок слој на мајонез и сол по вкус.
4. Салатата се украсува со цвекло, моркови и магдонос.

Доколку сакате шампињоните можете ситно да ги исецкате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани