- Одвојте ја жолчката од белката
- На тенки ленти исечете ја свежата краставица и ставете на салфета да се цеди
- На ситната страна од рендето изрендајте ja белката, кашкавалот и сувомеснатото.
- Во сад измешајте ги ренданите состојки, додадете магданост онолку колку што ќе дозволи да се спои, не треба повеќе. Осолете, оформете на чинија гнездо.

Сирниот намаз - (топеното сирење) измешајте со рендано лукче, малку мајонез, ставете во фрижидер нека малку одстои како би покасно формирале топчиња.
Жолчката изрендајте ја на ситната страна, во неа увалкајте го секое сирно топче , ставете во средината на салатата.

Напомена
Јас топчињата ги правев од сирниот намаз кој и не е така мек, има рецепт за него,
- Внимавајте на осолување и кашкавалот или сирењето се солени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани