- Пред тестото - стартер
- Измешајте квасот со водата и двете врсти на брашно покријте и оставете да одстои преку ноќ. Потребно е од 10 до 12 часа.
ТЕСТО
- Загрејте го млекото заедно со меласата и насецканото чоколадо додека не се стопи, оставете малку нека се олади до температура потребна за месење на лебот, а притоа додадете ја и водата.
- Во садот во кој ќе месите ставете ги двете врсти од брашната, измешајте, додадете ги течните состојки со целиот стартер кој сте го добиле, замесете (тоа е грубо тесто), покријте и оставете да одстои 1/2 час. Потоа измешајте солта, шеќер со 25 мл. вода, додадете на тестото и повторно измесете, повторно покријте и повторно нека одстои околу 1/2 час.
- Истресете го тестото на лесно побрашнета работна површина, со рацете истенчете го формирајки квадрат - преклопувајте го така што горната и долната страна од тестото према средината, потоа десната и левата страна према средината, со рацете сега оформете го во округла форма. Мислам подвивајки ги краевите и со рацете туркајки или вртејки го вака добеното тесто кружно ќе добиете округла форма. Преместете го во садот, покријте и пак нека одстои 1/2 час. По истекот на времето - повторете ја постапката, вратете во садот во кој го месевте, покријте и оставете да го дуплира обемот.
- Откако стасал лебот вие изберете дали веднаш ќе го обликувате или да го одложите вака стасано во фрижидер да одлежи околу 24 часа. 
Обликување
- стасаното тесто истресете на лесно побрашнета површина посипана со миксот од семиња или посипана само со семиња, истенчете го тестото во правоаголник, замотајте векна, ставете ја во побрашнето чаршафче, покијте и оставете да стаса - околу 2 часа.
- Доколку го одложите тестото да стои во фрижидер, тогаш по истекот на тие 24 часа извадете и оставете нека се загрее на собна температура, потоа постапката околу оформувањето иста е постапката.
- Вклучете ја рерната на 250 степени, во исто време ставете и плехот во кој ќе печете пожелно е да е тоа длабока тава или тенџере со капак. Ставете на дното од рерната и друг помал сад, тава или тенџерче, во кој кога ќе го ставите лебот да се пече ќе ставите вода или лед. За да се направи пареа, за да се спречи да не стане кората тврда и подобро да се развие тестото во рерната.
- Проверете дали е лебот стасан (ако при притисок со прстот отисокот се врака нагоре - готово е тестото и е добро стасанно - ако не се случи тоа, значи потребно е уште стасување)
- После 15 мин откако сте го ставиле лебот да се пече, извадете го садот со водата, намалете температурата на 200 степени и нека се пече уште 15 мин, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и нека продолжи да се пече до крај - тоа е околу 25 мин. Исклучете ја рерната, но оставете во подотворена нека постои уште некоја минутка доколку сакате кората да ви е крцкава, ако не... извадете на решетка преместета и покријте до негово потполно оладување.

СОВЕТ
- Доколку ја имате мајката на квасот,  лесно ќе добиете и потребниот квас или стартер напишан во рецептот, односно одделете 20 гр. квас, додадете 20 гр. ржано брашно и 20 мл. вода, измешајте убаво и нека одстои 3-4 часа. Потоа со овој квас направете стартерот со состојките напишано во Пред-тестото - стартерот.

Јас знам дека вака спремениот леб е исклучиво за љубителите на домашниот леб и кој сакаат да научат нешто повеќе - временски леб е, не е тешко да се работи како што сум јас толку изнапишала, но услов за да имате секогаш баш-баш домашен селски леб, ќе мора да сакате да го негувате основниот квас односно Лиевито мадре...
Уживајте во вкусот, а богами и мирисот по дома додека се пече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани