Во сад измешајте ги двата вида брашно и ванилата.
Додајте го шеќерот, жолчките и прстофат сол.
Промешајте па додајте го путерот исечен на коцки.
Замесете тесто.
Завиткајте го во фолија и оставете во фрижидер најмалку 1 час.

Расукајте го тестото меѓу 2 листа хартија за печење и исечете го на квадрати.
Наредете ги бисквитите во плех и печете на 180степени 10-12 минути.

Идеални се за доручек со млеко или чај.

Забелешка
Доколку при месењето тестото ви е ронливо ставете малку од белките или млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани