Едноставна и многу брза торта од палачинки подготвени со кока кола, која ќе биде вистинско уживање за вашето непце.
1. Најнапред се матат јајцата со шеќерот.
2. Се додава кола пијалокот, се проматува кратко, па се додаваат и брашното и пецивото. Се мати убаво со миксер, да нема грутчиња.
3. Треба да се добие течна и средно густа смеса.
4. Јас ги печев палачинките со апаратот од Делимано за палачинки, по 2 – 3 минутки од секоја страна.
5. Од оваа смеса добив 16 палачинки, но во тортата ставив 12.
6. Шлаг пената се мати со ладното млеко, додека да стане цврста.
7. Се додава киселата павлака и шеќерот во прав. Тој се додава според ваш вкус, пробајте, па ако не ви е благо, додадете го.
8. Се мати убаво, за да се добие свилена текстура на кремот.
9. Чоколадото се топи со маслото над пареа и се остава малку да се излади (но не да се стврдне).
10. Се реди тортата – палачинка – крем, се додека не се потрошат.
11. Одозгора се прелива со стопеното чоколадо и се попрскува со сецкани бадеми по желба. Нека се стегне во фрижидер 1 – 2 часа, па послужете. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови