Да напоменам дека оргиналниот рецепт е токму вака, со мерка на чаша од 200мл.
Едноставни посни и на изглед одлични.
Еве го начинот на изработка.

Сувите состојки промешајте ги заедно ,па потоа додадете ги маслото и водата.
Благо промешајте. Значи миксер не користиме овде.
Откако ќе измешате добро, ќе добиете густа смеса.
Со лажица наполнете ги калапите за мафини и ставете да се пече во загреана рерна. Се печат бргу, проверете со чепкалка.
Извадете и оставете да изладат.
Изматете шлаг крем.
Јас го матев со вода, а ако не сакате да е посен направете го со млеко.
Наполнете го шприцот за декорирање.
На почеток прелијте ги убаво мафините со шлагот, а потоа со шприцот декорирајте во вид на косичка на кутрињата.
Со чоколадни топченца направете им очиња и устенце.
Зависи кој со какви очи ги гледа,,, хаха,но јас мислам дека успеав да ги направам да заличат на кутренца пудлици :))))

Забелешка
Можете да користите и слатка павлака, па да ги направите и во друга форма.Тоа го оставам на вашата фантазија..

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови