Вкусна и убава зимска салата, со 6 различни зеленчуци во неа. Количините на зеленчуци ги бирате по ваш вкус.
Јас ставам 2 кг карфиол, 2 кг зелка, 1 кг морков, 1/2 кг зелени домати, 1/2 кг пиперки и 1 кг корнишони.
Ако некој од зеленчуците не ги јадете, слободно заменете ти го поголема количина со останатите. Битно е да имате 7кг зеленчук, кој одговара со останатите состојки.

Зелката се ренда, корнишоните се сецкаат на кругови, како и морковите и пиперките, доматите на коцки, а карфиолот на помали цветови. Се ставаат го голем, длабок сад. Убаво се мешаат. Одозгора се прелеваат со есенција, шеќер, сол и бибер во зрно, повторно се промешува, се затвара со капак и се остава да стои 24 часа. Во меѓувреме се промешува повремено.

Во чисти стерилни и топли тегли, се собира руската салата, со постојано притискање за да излезе воздухот. На крај се прелева со течноста која се создава при стоење на зеленчукот. Веднаш се затвараат и се редат во длабок сад.

Оваа салата е одлилна за во зима, со различни јадења. Убавото е што имате во зима, веднаш готова салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови